Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 9, а максималната ќе достигне 15 степени.
И в сабота времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови, особено во југозападните и јужните делови од земјава. Дневната температура дополнително ќе се намали, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер.
Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд.