Откако се разгоре огнот меѓу премиерот Зоран Заев и директорот на Пазарната инспекција Стојко Пауновски за „рамковните вработени“, почнаа и коментарите на социјалните мрежи. Критики за премиерот и пофалби за Пауновски е досегашниот епилог.
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вчера изјави дека нема да попушти и да го потпише решението за вработување на 35 „рамковно вработени“, кои на инспекторатот му ги додели Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, како дел од К-5 програмата, со која овие вработени кои со години земаа плата, а не одеа на работа, беа распределени по државни институции и по општини. Премиерот Заев му порачува да не биде толку гласен и да го спроведува она што е договорено.
Еве ги коментарите на „Твитер“:
Стојко Пауновски е наш Дик Чејни 🤣
— Јаковљевић🇲🇰🇷🇸 (@v1adimir7) April 23, 2021
Колку време му давате на Пауновски да биде разрешен или да ги вработи сите овие рамковци?
— г. Влатко Вердер (@Vlatko_Werder) April 23, 2021
Поддршка за Пауновски! https://t.co/lq409u9j7X
— Кукуњавска (@Emmyllija) April 23, 2021
Имате уште многу да учите од Пауновски, вие милкшејк функционери.
— v0ki (@voyoob2) April 23, 2021
Пауновски има муда, нешто што премиерот и останати како него го немаат.
— v0ki (@voyoob2) April 23, 2021
Пауновски вели нема да попушти. Овие лица, кои немаат соодветно образование, а бираат работа – односно сакаат канцеларска, а не теренска – нема да ги вработи. Администрацијата, според него треба да биде силна институција, а не партиски орган за вработување.
Господин Човек!
— Лутенет Драгуљче (@SieMiGaDjuro) April 22, 2021
Дајте повеќе вакви "мудоњи"!!!
Пауновски: И по цена да сум разрешен, нема да ги прифатам сите 35 „рамковни“ во Инспекторатот | Press24 https://t.co/kAzcMxS6Nn
— Geralt of Rivia (@erbaphostapler) April 22, 2021
Пауновски, капа доле!
— Лутенет Драгуљче (@SieMiGaDjuro) April 22, 2021
Херој на денот
Стојко Пауновски директорот на пазарна инспекција
!!! Капа доле
— Аура (@LazhenProfil) April 22, 2021
Има шанси директорот на Пазарна да биде херој на денот ама да не го урочам, 10 саат е само
— Ништо посебно (@MaterPatriae) April 23, 2021