Пратениците од Собранието на Република Северна Македонија, вклучително и претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска се вакцинираа со вакцината што беше на располагање, односно со „Спутник“.
Со градењето на колективниот имунитет, се придонесува кон успешното справување со пандемијата. Тоа е секако заедничка одговорност, и успешноста лежи во масовното вакцинирање. Должност на секој од нас е да придонесе за што поскоро надминување на предизвикот КОВИД – 19, се вели во соопштението од Собранието.
фото: Собрание