Врие во Државниот пазарен инспекторат, по изјавата на премиерот Зоран Заев дека ќе покрене постапка за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, од владините служби кои се за тоа задолжени. Вработени во Државниот пазарен инспекторат, како и инспектори, се во шок по изјавата на премиерот. Тие бараат итно средба со премиерот Зоран Заев, на која ќе побараат од него да ја преиспита ваквата своја најава за смена на Пауновски, објави Фактор.
Фактор објави дека дел од вработените во ДПИ од регионалните одделенија на Инспекторатот, веќе се тргнати кон Скопје, со цел да го искажат својот револт и несогласување со ваквата најава.
Текстот во целост на: Фактор.