Македонија

Косово одбива да го испорача Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“

Основниот суд во Приштина го одби барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“.

На Исмаиловиќ, како и на неговиот брат Агим и на Алил Демири, на 23 февруари оваа година повторно му беше досуден доживотен затвор за масакрот кај Смилковско Езеро. Останатите двајца обвинети, Фејзи и Хаки Азири, добија 15, односно девет години затвор. Во меѓувреме, Сами Љута беше ослободен од обвинение во отсуство на докази.

И Исмаиловиќ и Демири се во бегство уште од убиствата на Велики Четврток, април 2012 година.

На 1 април по сообраќајна несреќа во Косово, Исмаиловиќ беше однесен во полициска станица и е утврдено дека тој се бара со потерница. МВР беше известен дека лицето е идентификувано и е утврдено дека за него има барање за екстрадиција.

Според официјалните податоци од македонското Министерство за правда, до сега во период од 8 години испратени се две барања за екстрадиција во кои е содржана и доставена целокупната документација за екстрадиција на бегалците. Испратени се и замолници, но на нив ниту имаат обврска, ниту дале одговор косовските власти.

фото: Архива

На почеток