Деновиве од наша страна е поставена една од најмодерните автоматски хидрометеоролошки станици на Балканот. На кратко да доловам: Котата на Охридското Езеро преставува еден од основните параметри за бaлансирање на производството на ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје. Со цел осовроменување на овој процес инсталирана е автоматска хидрометеоролошка станица за мерење на нивото на котата на Охридското Езеро, а се мерат уште 30 директни и 15 индиректни метролошки параматри (количина на врнежи, снег, температура на водата, темпрература на воздухот, испарување, ветар и друго), потребни за хидролошки анализи, напиша на својот ФБ профил Коркут Сашо, директор на подружницата ХЕС “Црн Дрим” Струга.
Иаку станицата е од германскиот производител ОТТ и преставува најсовремен тип на хидрометролошка станица, единствена не само во Македонија туку и во целиот Балкан. Мерењето на параметрите е на радарски принцип.Заради транспарентност и во интерес на граѓаните, поставени се две информативни табли (дисплеи) за приказ на нивото на водата во Охридското Езеро, темепратура на водата во езерото и температура на воздухот. Овие табли се поставени на Управната зграда на ХЕС Црн Дрим во Струга и зградата од Министерството за одбрана во близина на истеткот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро. Ажурирањето на податоците е автоматски од мерењата на хидрометролошката станица на секои 15 минути.Сакам јавно да се заблагодарам на сите кои беа дел од реализацијата на овој проект, ќе продолжиме и понатаму во интерес на стружани!
фото: ФБ Коркут Сашо