Македонија

Денеска протест за слобода на осудените за упадот во Собранието, поддршка даде и ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на сенародниот протестен марш за слобода за Уставобранителите кој ќе се одржи денеска со почеток од 11 часот пред Влада, од каде ќе се продолжи кон Собранието на Република Македонија. Правда за Уставобранителите! И еден ден во затвор како неправедно осуден е тежок како година, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации.

Уставобранителите се во затвор, а полицијата на Спасовски им дава закрила на ИСИС, турската, српската, албанската и италијанската мафија. Тоа значи дека е изгубено секое мерило на праведно расудување и секоја неправда мора да се исправи.

Даваме поддршка и бараме ослободување на Уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја.

фото: Архива

На почеток