Македонија

(ВО ЖИВО) Се случи народ пред Собрание: Се пејат патритоски песни и се бара слобода за осудените за упадот во Собранието

Со извици „Никогаш северна, само Македонија“, „Македонија, Македонија“ и пеење на „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, започна протестот со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април. На протестот се бараше и оставка на Владата со извикување „Оставка, оставка“.

„Борба те чека, борба за слобода. Нека разберат клетите душмани, македонско име, нема да загине“, се пее на протестот. На протестот се присутни водачи на политички партии, меѓу кои Христијан Мицкоски, Јанко Бачев, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, партиски функционери.

„Слобода за македонските патриоти“, „Слобода за Горан Ангелов“, „Слобода за Игор Југ“ се само дел од транспарентите кои ги вејат присутните на протестите. Дел од нив ги носат македонското знаме и знамето од Вергина.

На почеток