Свет

Ердоган: Европа падна на испитот за демократија и човекови права и слободи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во врска со протестите на „жолтите елеци“ во Франција, Белгија и Холандија, за време на кои дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата, оцени дека Европа падна на испитот за демократија, човекови права и слободи.

Ердоган изрази загриженост поради настаните на улиците на европските градови.

„Ние сме против хаосот кој го предизвикуваат демонстрантите, но и против насилството кое се врши врз нив“, изјави турскиот претседател вчера во Истанбул.

Тој нагласи дека тие се оние кои заради политички популизам поттикнале антисемитизам и антимигрантски ставови.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток