Свет

Во Белград се одржа протест поради нападот на опозициски лидер

Неколку илјади граѓани протестираа во Белград под слоганот „Стоп на крвавите кошули“. Прво се собраа на платото пред Филозофскиот факултет каде им се обрати актерот Бранислав Трифуновиќ, по што без инциденти се прошетоа до Народното Собрание и Радио Телевизија на Србија.Повод за протестот беше нападот на лидерот на српската левица, Борко Стефановиќ, на 23 ноември во Крушевац.

На чело на колоната, предводена од лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија беа и актерите Мирјана Карановиќ, Бранислав Трифуновиќ, Никола Којо, како и кошаркашкиот тренер Душко Вујошевиќ.
„Драго ми е што сте овде, а не на Твитер и Фејсбук. Важно е што сте сфатиле дека оваа борба не може да се води со палец, туку со нозе, раце и грло“, рече Трифуновиќ во говорот пред присутните.

На протестот беа присутни и водачите на поголемиот дел од опозицијата.
Стефановиќ беше нападнат пред две недели пред одржување на партиски собир во Крушевац. Поради повредите на главата опозиционерот завршил во болница, а полицијата приведе три лица на кои им е одреден 30-дневен притвор.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток