Денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на местото на злосторот, денеска ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски повторно протестира за одбрана на насилството. Старо ВМРО-ДПМНЕ, стара песна остатоци од мрачното минато денеска излегоа на улица, го славеа насилството и режимот со истата хушкачка реторика, со истата насилничка кореографија од пред четири години и со прекршување на протоколите за заштита од ковид 19, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Кузеска додаде:
Христијан Мицкоски, Јанко Бачев, Димитар Апасиев, инсталациите на Никола Груевски денеска застанаа зад насилството, зад осудените лица кои упаднаа во Собрането на 27 за да спречат транзиција на власта и да ја погазат волјата на народот.
На 27 април 2017 на крвавиот четврток, вооружени насилници упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници, новинари и вработени во собраниските служби, тоа го виде целата домашна и меѓународна јавност.
Крвави глави, тепани пратениците, под закана новинари, претепани пратеници кои завршија во кома, тоа се нечовечки дела на насилници. Насилници не се уставобранители и никогаш нема да бидат.
Денеска, Мицкоски кој и самиот беше дел од толпата пред Собранието на крвавиот четврток, застана токму зад овие осудени насилници, застана на браникот на криминалот и насилството.
Поддржан од неговите соработници и извршители, Апасив и Бачев, Мицкоски ги реализира нарачките од неговиот ментор во Будимпешта, Никола Груевски.
Единствена цел на Мицкоски е да ги одбрани криминалите во редовите на неговата партија и неговиот шеф Груевски.
Мицкоски е остаток од режимското минато, потрчко на Груевски и Мијалков кој работи на штета на граѓаните и државата, но криминалот нема да го одбрани. Одговорност за сите криминали, вклучително и за организаторите на крвавиот четврток мора да има и ќе има.
видео: СДСМ