Свет

Кај 33 годишна жена во Грција откриен индискиот сој на коронавирус, ова е втор случај во земјата

Втор случај на индиската варијанта на коронавирус, која се смета за најголемата причина за брзото ширење на епидемијата во Индија, е откриен во Грција, објавија денеска здравствените власти во таа земја.

Националната управа за јавно здравје (Еоди) објави дека позитивен примерок од варијантата што доминира во Индија е откриен по тестирање на 33-годишна жена која не е грчки државјанин, но живее во Атика, предградие на Атина.

Познато е дека таа патувала во Дубаи на 4 април. „Еоди“ објави дека жената имала негативен ПЦР-тест пред да замине од Дубаи.

„Еоди“ наведува дека случајот бил откриен како дел од рутинско масовно тестирање.

Во соопштението се вели и дека жената чувствувала симптоми, но не била хоспитализирана.

„Сега таа веќе не ги чувствува симптомите и периодот што мораше да го помине во карантин е завршен“, се вели во соопштението.

Првиот случај на индиската мутација во Грција беше потврден во петокот во градот Патра, на Пелопонез. Слично како и во вториот случај, лицето заразено со варијантата не покажало сериозни симптоми.

фото: Архива

На почеток