Македонија

Според измените во Кривичниот законик, напад врз новинар ќе се гони како напад на службено лице

Министерството за правда веќе ги направило измените во Кривичниот законик и тие се пратени на увид во Владата. Очекувањата се дека во втората половина на мај тие ќе се најдат пред пратениците за гласање. Портпаролот на Министерството за правда, Александар Видиновски, во интервју за емисијата „25 минути“ на ТВ24 најави дека преку измените на Кривичниот законик нападот врз новинарите, конечно ќе се третира како напад врз службено лице, за што се предвидени затворски казни.

„Овие измени на Кривичниот законик во Министерството за правда се веќе направени, пратени во Владата и поставени на увид. По завршувањето на периодот за забелешки тие ќе бидат изгласани од Владата и пратени понатаму во собраниска процедура. Очекувањата се дека во втората половина на мај тие ќе се најдат пред пратениците за гласање“, рече Видиновски во емисијата „25 Минути“.
Според портпаролот на Министерството за правда во измените на законот покрај новинарите, се вметнати и медиумските работници, односно и снимателите.

фото: Архива

На почеток