Македонија

Телма: Семејството на Емилија Динева, дарителка на органи е во тешка финансиска состојба

Се слушаме речиси секојдневно, наскоро го очекуваме Иван во посета кај нас. Вака ни раскажа 19 годишниот Влатко Динев, син на Емилија Динева, првата дарителка на срце во државата за нивната врска со семејството на Иван Огненовски, човекот кому му беше пресадено нејзиното срце. Изминатите единаесет месеци двете семејства се зближија. Големата загуба, а потоа неописливиот чин на хуманост и надеж, создадоа силна врска помеѓу двете семејства, објави Телма.

Одлуката да се даруват органите на Емилија за Диневи била многу тешка, иако знаеле дека е правилна. Влатко вели дека надежта дел од неа да остане да живее била пресудна да се согласат.

Влатко е се уште средношколец, но работи и во општината со договор на дело. Тешката финансиска ситуација по несреќата во која се нашле Диневи, ги принудило и синот да бара работа. Општината понудила момчето да го ангажира, а ги контактирале и од министерството за здравство.

извор:Телма.

На почеток