Свет

35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Најголемата несреќа во историјата на нуклеарните централи се случила на денешен ден пред 35 години. Заедно со нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија, таа е до денес единствен случај на седми степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани.

34 години по експлозијата во централата Чернобил. Чернобил бил првата нуклеарна централа во советска Украина, предводник на мирнодопската програма за атомска енергија на СССР.

Катастрофата се случила на 26 април 1986 година, кога еден технички експеримент тргнал на лошо, предизвикувајќи четвртиот реактор да се прегрее и да го зголеми притисокот, а потоа и да експлодира.

Облакот во текот на неколку следни денови се распространил над западниот дел на СССР, делови од централна и северна Европа, па дури до источниот брег на Северна Америка. Големи површини од Украина, Русија и Белорусија биле тешко загадени, што предизвикало евакуација на над 336.000 луѓе од засегнатите подрачја. Според официјалните податоци, околу 60% од создадениот радиоактивен материјал завршиле во Белорусија

На советските власти им бил потребен цел ден за да го сфатат обемот на катастрофата и да наредат целосна евакуација на централата и на околното гратче. За три часа 50.000 луѓе го напуштиле градот, не знаејќи дека никогаш повеќе нема да се вратат. Во наредните седум месеци биле правени огромни напори да се деконтаминираат погодените зони и да се обложи четвртиот реактор, кој две недели испуштал чад од загаден отпад, и покрај очајничките напори да се запечати.

Украина, Русија и Белорусија претрпеле најголема штета, иако низ цела Европа била забележана зголемена радијација.

Додека четвртиот реактор бил непоправливо оштетен, другите делови од нуклеарната станица останале функционални. Изгасени веднаш по експлозијата, реакторите 1, 2 и 3 биле повторно вклучени помеѓу октомври 1986 и декември 1987 година. Чернобил продолжил со производство на нуклеарна енергија до декември 2000 година.

Спасувачите што се справувале со катастрофата претрпеле огромни последици по здравјето и починале.

фото: Архива

На почеток