Можам да ја разберам Радмила дека е прилично незгодно пред амбасадорката на САД да одговори на многу логично прашање, “на која тема зборувала со Катица и со Боки 13”, додека нејзиниот сопруг гледал утакмица на гости кај нејзиниот другар кој издржуваше мерка куќен притвор – Орце Камчев, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.
Таа во објавата додава:
Прилично смешно е Радмила да бега од одговор на новинарско прашање, особено сега кога се ослободи од идни партиски очекувања, кога судскиот процес за случајот “Рекет” заврши и кога Орце Камчев е во притвор, нели ?
Додека тогаш бегаше од истото прашање, најзгодно беше да се исполитизира Меѓународен сојуз, за да може сега да и’ биде “смешно”.
Велат – “Кој последен се смее, најслатко се смее”
извор: ФБ Фросина Ременски