Македонија

МОН го повлече Законот за учебници од собраниска процедура, попушти ли Царовска од јавноста?

Пратеникот Антонијо Милошоски денеска информира дека Предлог-законот за учебници и и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, кој предизвика поделени мислења во јавноста, е повлечен од собраниската процедура.

„Информација: После силните реакции од јавноста, од собраниска процедура вчера е повлечен Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование“, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Овој закон предвидува и потреба на дигитални учебници, наместо печатени, по што дел од јавноста реагираше со жестока критика. Според министерството за образование, станува збор за реформа која од есен ќе стартува во прво и четврто одделение.

Царовска досега не отстапуваше од најавените реформи, велејќи дека децата ќе го видат бенефитот на дигиталниот учебник. Но, печатењето на дигиталниот учебник, ќе падне на товар на родителите, ако некој сака лекциите да ги учи на класичен начин.

фото: Архива

На почеток