Медиасет

(Видео) На концерт во Шпанија со 5.000 посетители, само шест лица се заразиле со коронавирус во рок од 14 дена по концертот

Научниците во Шпанија не најдоа докази за зголемено ширење на заразата меѓу луѓето кои учествуваа на голем експериментален концерт минатиот месец. Шест лица се заразиле со коронавирус во рок од 14 дена по концертот во Барселона, но инциденцијата е помала од онаа што се гледа кај општата популација, пишува „Би-би-си“.

Две недели по концертот, сите учесници беа подложени на ПЦР-тестирање и нема знаци дека вирусот е пренесен за време на настанот, што беше целта на оваа студија“, рече д-р Хосеп Марија Либре на прес-конференција.

Публиката, која била подложена на антигенски тестови пред концертот, носела маски ФФП2.

Според лекарите, само шест позитивни случаи од 5.000 посетители биле откриени две недели по концертот, а организаторите се сигурни дека четири од овие шест случаи не го пренеле вирусот за време на концертот.

Организаторите сакаа да покажат дека концерти се можни и покрај пандемијата, и ова искуство е едно од ретките што се случило во Европа на актуелната музичка сцена.

фото: El Periódico

 

На почеток