Две деца се убиени, а 16 се повредени во напад на Маж со нож во градинка во јужниот кинески град Беилиу, соопштија денеска локалните власти.
JUST IN – Massacre in China. Knifeman attacks kindergarten in Beiliu, China. 16 kids, 2 teachers reportedly injured. Suspect detained.pic.twitter.com/gWCnidvooR
— Disclose.tv (@disclosetv) April 28, 2021
Уапсен е напаѓачот,24-годишен маж, идентификуван од полицијата со презимето Зенг.
Како што пренесува ABC News цел на нападот биле воспитувачките и децата кои биле на попладневна пауза. Видео на кинеските социјални мрежи покажува крвави деца како плачат, додека некои лежат неподвижни на подот.
Властите не го открија мотивот за нападот, а медиумите во Хонг Конг наведуваат дека осомничениот минувал во постапка за развод, а неговата сопруга работела во градинка.
Фото: The Straits Times