Македонија

Заврши истрагата против Јахи Јахиа, државата ќе треба да врати 1.200.000 евра во ИПА фондовите, затоа што тој зел мито

Заврши истрагата против Јахи Јахиа, поранешниот државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, осомничен дека зел мито од италијанска фирма на која ѝ оддал доверлици податоци за да победи на тендер. Јавната набавка била со средства од ИПА фондовите на ЕУ, објави СДК.МК. 

Вредноста на тендерот е милион и двесте илјади евра. Според регулативата на Европската унија, во државата која е корисник на средства од овие фондови, ако се открие злоупотреба со нив, треба да ги врати сите средства, до евро, колку што бил грантот.

Потоа државата треба овие средства да ги бара од осудените лица, се разбира ако ги осуди судот.

Јахи Јахиа и неговиот колега, поранешен раководител, беа апсени во мај 2019 година, кога беше извршен и претрес во Министерството. Рокот за водење на истрагатa бил продолжуван неколку пати со дозвола на Вишото и на Републичкото обвинителство, зашто се чекале доказите од италијанските обвинители за овие злоупотреби.

Сопственикот на италијанската фирма кој на ваков начин го добил тендерот, беше уапсен во неговата земја.

Текстот во целост на: СДК.МК. 

На почеток