Потврда дека границата со Грција се отвора за нашите граѓани на 14 мај стигнала за министерот за здравство, Венко Филипче.
Патувањето во соседната земја ќе биде условено со сертификат за примени вакцини или негативен ПЦР-тест, а се преговара и за прифаќање на резултатите од брзи антигенски тестови.
– Вчера, разговарав со грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, кој потврди дека границата се отвора на 14 мај, а за тоа ќе добиеме и официјално известување. Условот е граѓаните што ќе патуваат да имаат или сертификат за примени вакцини или негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. Она што се размислува сега, за некои земји, не само за Грција, е да може да се патува и врз основа на брз антигенски тест. За тоа ќе нѐ известат во следниот период – рече денеска Филипче.
Македонците вакцинирани во Србија ќе може да патуваат со документот за вакцинација издаден од српските здравствени власти.
фото: Архива