Македонија

Инцидент во „Идризово“ затвореник пренесен во болница

Во попладневните часови на 29 април, во скопската полиција бил пријавен инцидент во полуотвореното одделение во затврот „Идризово“.

Според пријавата, по претходна расправија, затвореникот Р.Е. (36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П. (27) од Скопје.

Повредениот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

На почеток