Со одлука на Генералното собрание на ОН од 1993 година, 3 мај е прогласен за Светски ден на слободата на печатот, со цел да ги потсетува владите на потребата од почитување и посветеност на слободата на медумите.
Светскиот ден на слободата на печатот е и ден на поддршка на медиумите кои се изложени на обиди за нивно укинување или ограничување на нивната слободата на изразување, но и ден на сеќавање на новинарите кои ги загубија животите во текот на својата работа.
Според последниот извештај на Репортери без граници, Македонија напредуваше за две места на Светската листа на слобода медиумите во 2020 година и со 31,67 поени се најде на 90-то место.
Во пресрет на денешниот 3 мај генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ и германската министерка за правда Кристина Ламбрехт вчера изразија загриженост поради нападите врз новинари и ограничувањата на слободата на печатот во многу делови на Европа, нагласувајќи дека слободата на медиумите е од клучна важност во кризни времиња.
Светскиот ден на слободата на печатот е прогласен од страна на Генералното собрание на ОН во 1993 година по препораката усвоена на 26-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во 1991 година, врз основа на Декларацијата од Виндхук што ја подготивија група африкански новинари со апел за плурализам и независност на медиумите.