Турските безбедносни сили вчера уапсија 16 лица за наводно финансирање на Исламска држава. Локалните медиуми цитираат безбедносни извори кои велат дека контратерористичкиот оддел на истанбулската полиција почнал операција за апсење на осомничените за финансирање на елементи на ИД.
„Безбедносните сили извршија рации во голем број домови во Истанбул, при што уапсија 16 осомничени“, посочуваат изворите.
фото: Anadolu Agency