Македонија

Заев прими кинеска против ковид, се чувствувал одлично

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“. Тој по вакцинацијата, кажа дека се чувствува одлично. Заев се заблагодари на здравствените работници и сите кои учествуваат во процесот на вакцинација. Истакна и дека е задоволен од начинот на кој е организиран процесот.

„Ја примив првата доза од вакцината на Синофарм, односно со онаа вакцина која ми дојде прва кога требаше да се вакцинирам. Се чувствувам одлично. Верувам дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на население кое ќе биде вакцинирано, а тоа ќе ја промени сликата на епидемијата. Ги охрабрувам граѓаните да се пријават за термин за вакцинација и да си го обезбедат единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот. Вакцините се безбедни, проверени, тестирани. Колку побрзо заврши процесот на вакцинација, толку побрзо ќе заврши борбата со коронавирусот“, рече Заев.

Освен премиерот, изминатите денови се вакцинираа и дел од членовите на неговиот кабинет, согласно планот за имунизација.

На почеток