Македонија

Брнз: Северна Македонија направи чекор напред со Преспанскиот договор и НАТО, но тој чекор мора да се одржува

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз денеска, во обраќање на потпишувањето на договорот за грант меѓу Северна Македонија и САД, оцени дека земјава постигнала евидентен напредок по потпишувањето на Преспанскиот договор и влезот во НАТО, но порача дека тој чекор мора да се одржува.

„Периодот што следува ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија како просперитетен сојузник кој придонесува за стабилноста во регионот. По потпишувањето на историскиот Преспански договор во 2018 година, како и влезот во НАТО и зеленото светло за пристапни преговори со ЕУ во 2020 година, Северна Македонија оствари евидентен чекор напред. Но, овој чекор мора да се одржува и шансата мора да се искористи дури и во времиња полни предизвици. Знаеме дека во иднина може да има предизвици, како што се корупцијата, непотизмот, дури и нефункционални институции, со што се попречува патот на Северна Македонија кон зацртаните цели“, истакна Брнз.

На почеток