Скопје

Бетонскиот ѕид кај Чаирчанка е продолжен, улицата Цветан Димов речиси се подели на два дела

Синоќа на полноќ бетонскиот ѕид кај Чаирчанка е уште повеќе продолжен. Сега речиси целата улица Цветан Димов е поделена на два дела. Граѓаните за поставувањето банкини со поделени мислења. Некои велат ова е добро за полесно сообраќање на автомобилите, а некои беа против, објави ТВ 21.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу вели дека со поставувањето на банкините намален е бројот на сообраќајни незгоди на оваа улица. Тој вели дека овие банкини ќе бидат привремени.

Текстот во целост на: ТВ 21

На почеток