Градоначалникот на Општина Центар и советниците во Советот добиле закана од инвеститорите и сопствениците на земјиште кај фабриката „Треска“, дека ќе поднесат кривична пријава ако не им се дозволи да градат. Од Општината денеска соопштија дека стигнал допис од адвокат кој ги претставува инвеститорите и сопствениците во кој, како што велат, на најгруб начин се упатуваат закани кон нив и се бара да се прекине постапката за распишување на конкурсот за овој простор и да не се ни помислува да се донесе суспензија на планот, објави САКАМДАКАЖАМ.МК
„На најгруб можен начин беше упатена директна закана кон Советот и советниците на Општина Центар. Добиен е допис кој би требало да биде сфатен како крајна опомена пред поднесување кривична пријава до сите советници и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, доколку не се донесе Заклучок за прекин на работата на конкурсната Комисија и прекин на постапката за спроведување на конкурсно решение, како и да не се посегнува кон суспензија на постојните детални урбанистички планови“, велат од Општина Центар.
Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК