Македонија

(ВИДЕО) Д-р Балевски: Сите вакцини се одлични, имунизацијата е единствениот спас од епидемијата

Дневно во Охрид се вакцинираат од над 1000 лица. Од кога е почнат со работа вакциналниот пункт до сега не сме имале никакви проблеми. Добро е што немаме никави несакани ефекти од вакцините. Мислам дека луѓето се задоволни од тоа како оди вакцинацијата. Се надевам дека вака ќе продолжи. Ова е единствен спас за на некој начин се вратиме во некое ниормално живеење и да ја победиме пандемијата, вели д-р Горан Балевски, директор на општата болница од Охрид.

Балевски  објаснува што треба граѓаните да направат откако ќе ја примат вакцината. Тој вели за мене нема лоша вакцина.

„Сите вакцини се одлични. Сега нормално во медицината има некои минимални лоши страни. Но од досегашното искуство нема лоша вакцина. Битно е граѓаните да сфатат дека мора да се вакцинираат и дека тоа е единствениот спас од епидемијата. Сите што ги кажуваат несакани ефекти се минимални. Не треба некоја посебна подготовка. Ние имаме стручни екипи кои им ги објаснуваат саканите и несаканите фект. Може да има мала болка. До сега ни еден нема пријавено да има омалаксаност или температура. До сега еден или двајца само имале мала болка во раката, а сме вакцинирале огромен број на население и со огромоне број на коморбидитети и со малигни болест. Се си течи во најдобар ред. Не верувам дека ќе имаме некои не сакани ефекти. Граѓаните не треба сами да читаат. И пеницилинот има некој несакан ефект. Освен некоја алергиска акција, не треба да има некој не сакан ефект. Се ова е ново за нас. Немало до сега масовна вакцинација. Но, се навикнавме и на масовнава вакцинација, како што се навикнавме да лечиме и по 110 позитивни пациенти во Охрид“, вели директорот Балевски.

Балевски открива дека во моментов во општата болница во Охрид, хоспитализирани се околу 60 пациенти кои се лекуваат од КОВИД 19.

-Максимално во Охрид беа хоспитализирани 112 лица. Сега состојбата е порелаксирана. Ако овој тренд продолжи, ќе ги вратиме во нормала и ќе им се посветиме на луѓето со друга патологија. Има многу луѓе кои чекаат и за операции. Овој дел ќе мора добро да се организира, за да се вратиме во нормално функционирање на болницата.

Директорот открива дека вработените од општа болница се скоро сите вакцинирани

-Во моемнтов во вакциналниот центар во Охрид, кадарот е од здравствен дом како носител, општа болница Охрид, Центар за јавно здравје, од кардиолошкио центар и од болницата за ортопедија и трауматологија.

На почеток