Скопје

129 сообраќајни прекршоци во Скопје, 32 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, една за возење без возачка дозвола, 14 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се десет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за некористење сигурносен појас и 46 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

фото: Архива

На почеток