Македонија

Кабинет на Претседател: Ставовите на Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни и не зависеа од средбата со господинот Мицкоски

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски, се вели во реакцијата од Кабинетот на Претседателот.

Во продолжение на истата се додава:

Фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците по средбата ги кажуваше само своите ставови и оценки за тие настани.

Инаку претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат.

фото: Архива

На почеток