Македонија

Шекеринска: Војникот позитивен на ковид-19, од Африка ќе стигне со медицинска евакуација

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен со коронавирус во Африка. Потполковник на македонската армија кој учествувал во Европската мисија во централно африканската Република доцна вечерва ќе биде донесен на лекување на инфективната клиника во Скопје, истакна Шекеринска.

-Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој учествува во европската мисија во Централно – Африканската Република, минатата недела беше тестиран за позитивен на коронавирусот, и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во рамки на ЕУ мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома, во Скопје, претпоставувам доцна вечерта, рече Шекеринска.

И министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека со посебен транспорт од Африка ќе биде пренесено воено лице на АРМ, заразено со коронавирус во таа земја.

На почеток