Македонија

По скратена постапка го усвоен Закон за дивоградви – може да се легализираи во Национални паркови и заштитени зони

Собранието на денешната седница по скратена постапка го усвои Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти со 72 гласа „за“, 3 „воздржан“ и 5 „против“. Законот го поддржаа пратеници и од власта и од опозицијата. Законот предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, т.е. осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“ и нема рок на важење, односно ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати согласно тој закон, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Од овој закон се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.

Но, законот вклучува гаражи, остави, па дури и базени, изградени без дозвола за градба. Дозволено ќе биде легализирање на дивоградби во заштитени подрачја, како национални паркови, природни резервати, споменици на природата, подрачје на заштитено недвижно културно наследство, како и во прва и втора санитарно-заштитна зона на извори на вода за пиење, по добиена согласност од надлежниот орган.

Како „казна“, сопствениците на дивоизградените објекти за легализацијата ќе треба да платат за 50% поскапи комуналии од она што би го платиле ако имале дозвола за градба.

 

Текстот во целост на:  САКАМДАКАЖАМ.МК.

На почеток