Вчера се изведуваа доказите на Обвинителството, помеѓу кои имаше 53 фактури, сите платени од моја страна од еден овластен сервис каде го поправав автомобилот во Скопје, кои го потврдија моето континуирано патување, поправките и сервисирањата на возилото, вклучувајќи ги и поправките по деветте сообраќајки кои ги доживеав во периодот од 2011 до 2015 година – вели поранешната пратеничка Силвана Бонева, која тврди дека е апсурдно СЈО да ја обвинува дека не патувала и ги измамила службите, бидејќи наводно била сместена во стан во Скопје, објави ФОКУС.МК
Околу информацијата дека имала дури девет сообраќајни незгоди во рок од четири години, која предизвика низа на прашања во јавноста околу тоа како се случиле, и кој го управувал возилото во време кога се случувале сообраќајките, за ,,Фокус” таа ја појаснува целата хронологија на настани.
Вели дека два автомобили завршиле на отпад бидејќи биле целосно уништени, се случило друго возило да ја брка и да ја турка од патот, лонецот во ауспухот и бил наполнет со прамени од перика, гумите и биле засечени во облик на крст, и откажал воланот… Некогаш таа управувала со возилото, а некогаш нејзиниот сопруг, речиси секојдневно, на релација Струмица – Скопје – Струмица.
Текстот во целост на: ФОКУС.МК