Утринава на скопскиот аеродром пристигна македонскиот војник кој е позитивен на Ковид-19, а кој од базата во Африка каде бил со посебен лет е донесен во Македонија.
-Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, напиша на Фејсбук министерката за одбарана Радмила Шекеринска.
извор: ФБ Радмила Шекеринска