Скопје

Прегазен велосипедист итно пренесен на Клиника, возачот побегнал

Вчера во 09,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од комплекс клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено лицето К.К.(61).

Според пријавеното, на 06.12.2018 година околу 13,00 часот во населба Илинден, возило удрило во велосипед управуван од К.К. по што возилото и возачот го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток