Во текот на изминатите денови (07, 08 и 09.12.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 34 сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, две со тешки телесни повреди, 16 со телесни повреди и 15 со материјална штета.
При сообраќајните незгоди две лица починале, две се здобиле со тешки телесни повреди и 29 со лесни телесни повреди. 180 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 60 возачи бидејќи 21 го управувале возилото под дејство на алкохол, 33 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест биле возачи почетници. 26 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани.
Исто така санкционирани се и 11 возачи кои поминале на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, двајца неправилно се престроиле, двајца неправилно престигнувале и 27 не поседувале зимска опрема во возилата.
Исто така во текот на изминатиот викенд санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и шест кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 125 мандатни платни налози, додека исто така 74 возила се подигнати со “Пајак”.