Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски практично ќе биде амнестиран за бесправно градење на објектот за општинската администрација. Нема да одговараат ниту новинарот Латас и неговите браќа за нелегалните куќи во Зелениково. Ќе падне во вода и кривичната пријава за објектот спроти Американската амбасада. А ќе куртули и сопствениокот на градбата кај Мавровка и многу други, Објави Телма.
„Договор куќа гради“- старата народна, се потврди во пракса – во собранието. Со гласот на 72-ца пратеници – власта и опозицијата сложно го донесоа Законот за легализација на дивоградбите. А со него во вода паѓаат – практично се амнестираат и сите до сега обвинети за бесправно градење.
Токму Членот 41 од Законот, додаден на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, предвидува да запрат сите кривични и граѓански постапки што се во тек, а се поврзани со изградба на бесправни објекти. А се запираат и сите постапки за рушење на дивоградбите.
Договорот пак власт- опозиција ги налути антикорупционерите. Велат ќе го спорат законот на Уставен суд.
Архитектите затечени. Велат- се добива впечаток дека државата ги генерира дивоградбите. Прашуваат кој ќе гарантира за безбедноста на објектите кои се изградени без регуларна процедура.
Текстот во целост на: Телма.