Економијата во фокус на средбите на премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одржаа работен состанок со менаџментот на берзата на Атина, „Атхекс груп“, која го поддржува работењето на грчкиот пазар на капитал.
На средбата се дискутираше за предизвиците и можностите за развој на заеднички проекти од регионално значење. Премиерот Заев нагласи дека заеднички вложувања и инвестиции се од особена важност за економскиот просперитет.
На средбата беше истакнато дека пазарот на капитал е важен дел од економското функционирање на земјите и улогата и функцијата што ги имаат за раст и развој на економијата и компаниите се исклучително важни.
Премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи истакнаа дека државата гарантира и обезбедува пазарни, слободни и транспарентни услови и односи во економијата со еднакви можности, пазарни услови и правила за компаниите.
На средбата беше истакнато дека влезот во НАТО дополнително ја подобрува сигурноста и предвидливоста за нови инвестициски вложувања.
Атинската берза има традиција на постоење од 1876 година, тргуваат големи и средни компании кои имаат потенцијал за раст.