Свет

Пилот-забава во Хрватска без маски и дистанца, присутни само вакцинирани лица

Во Хрватска синоќа се одржа првата пилот-забава со цел да се провери дали собирите на граѓани кои се вакцинирани, тестирани и оздравени од Ковид-19, се епидемиолошки безбедни.

Пилот забавата започна во 18 часот во ресторан во загрепската улица „Стројарска“, на забавата присутен беше  дежурен епидемиолог од Хрватскиот институт за јавно здравје, кој имаше задача да набудува сè.

На забавата имало 70 до 80 гости. Сите како што е наведено во барањето на епидемиологот и Кризниот штаб, биле вакцинирани со две дози вакцина.

По една недела, учесниците повторно ќе бидат тестирани дали некој е заразен.

Оваа забава не е само експериментален настан не е класична вечера во ресторан каде групи луѓе се држат на дистанца, туку идејата  беше да се дружат едни со други без да има растојание меѓу нив и без маски.

 

На почеток