Македонија

Каракачанов: Ќе коалицираме со ГЕРБ ако треба, Бугарија нема да ја менува политиката кон Македонија

Поранешниот бугарски вицепремиер Красимир Каракачанов истакна дека Бугарија нема да направи никаков компромис во однос на Македонија и дека сите партии што ги признаваат овие приоритети можат да учествуваат во можна идна коалиција.

Тој вели дека приоритет за неговата партија е да не започнува преговори меѓу Македонија за членство во Европскатаунија се додека таа не се откаже од антибугарското однесување.

Каракачанов му честиташе на новиот привремен министер за надворешни работи Светлан Стоев за неговиот став заМакедонија:

„Мило ми е што новиот министер за надворешни работи многу јасно изјави дека нема да има промени во бугарскатанадворешна политика“.

Тој исто така го коментираше она што го рече македонскиот претседател Стево Пендаровски, дека Македонија ќе побара меѓународна поддршка за членство во ЕУ и да изврши притисок врз Бугарија.

„Ние ја кажавме нашата политика, а Пендаровски може да се сврти кон кого сака и да се потпре на кого сака. Тие сакаат да ја продолжат својата нечесна политика кон Бугарија, да продолжат да го кршат народот со бугарска самосвест во Македонија, да продолжат да го образуваат населението во антибугарски дух и некој друг да не притиска да бидеме будали за да се придржуваме на ова. Му честитам на министерот за надворешни работи за неговата позиција. Верувам дека во иднина Бугарија не треба да ја менува својата политика кон Македонија се додека не стане нормална земја и не спроведе чесна, фер и добрососедска политика кон нас “, рече поранешниот бугарски вицепремиер.

На почеток