Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен четврти бран. Штрек предупредува дека и покрај намалувањето на бројот на заразени и натаму не може да се прогласи победа над пандемијата.
Во изјава за неделникот „Фокус“, тој посочува дека наесен би можел да уследи четвртиот пандемиски бран односно дека е неопходно рационално да се искористи времето кое пресотанува за да извлече максимум од структурите и процесите против ширењето на вирусот.
Тој верува дека летото, во однос на епидемиолошката состојба, ќе помине добро, но очекува ново зголемување на инфекцијата од септември.
Германскиот виролог исто така стравува дека вакцинираните лица можат да ги заразат оние кои се невакцинирани.
„Неодамна имавме случај на вакциниран лекар кој развил големо количество на вирусот во грлото и го заразил семејството. Можеби станува збор за индивидуален случај, но ваквата ситуација мора да се следи”, предупреди Штрек.