Вистинска драма се случуваше доцна синоќа во населбата Шуто Оризари во близина на полициската станица откако неколку лицаа вооружени со безбол палки намерно предизвикале сообраќајна несреќа и демолираа ново Ауди. Имено околу 23 часот пред полноќ неколку лица намерно се забиле во автомобил на гастербајтер од Германија во Шутка кој управувал со автомобил марка Ауди за да го сопрат автомобилот. Потоа група од 10-тина до 15 лица физички го нападнале возачот на автомобилот и неговиот сопатник близок роднина, објави инфомакс.
Напаѓачите откако физички ги нападнале патниците од Аудиот со безбол палки дополнително го демолирале удреното возило, а сето тоа го пренесувале во живо на социјалната мрежа Фејсбук.
Имено напаѓачите како што се гледа на видеото извадија безбол палки и удрија по автомобилот на другиот учесник во несреќата. Физичкиот напад и демолирањето на автомобилот дознаваме дека траело повеќе од 20-тина минути.
На крајот од видеото кое се шири на социјалните мрежи се слуша дека пристигнува полицијата, а присутните се даваат во бегство.
Од наши извори дознаваме дека се работи за група блиска до актуелниот градоначалник на Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш.
Текстот во целост на: Инфомакс