Поради шумски пожари Властите од регионот на Коринт во јужна Грција ги евакуираа жителите на шест села.
Нема извештаи за смртни случаи во пожарот што избувна во средата вечерта во малото одморалиште на полуостровот Пелопонез, околу 90 километри од главниот град Атина.
Властите наредија да се евакуираат шест села и два манастира на планините Геранеја како мерка на претпазливост, рече припадник на противпожарната бригада.