Коментари

Не е така како што реагира јавноста за мазутот, а ниту со Кочо почнало ниту со него ќе заврши, пишува Ванковска

Си разговарам со мојов хемичар околу мазутот на Кочо. Ме уверува дека хемиски/стручно гледано не е баш така како што реагира јавноста, и дека тие “остаточни масла” (а не отпадни масла) се во широка употреба во многу земји. Едноставно, се користи секој производ, нафтен дериват за различни цели, се’ до крај. Се сложува дека е ова неповолна варијанта, но кажува дека ЦЕЛИОТ систем, со децении, е вмрежен и зависен од мазутот (варијации може и треба да има само околу процентот на сулфур). Значи, ниту со Кочо почнало, ниту со него ќе заврши. Ова е СИСТЕМСКА состојба, а не случаен бизнис и криминал, напиша на својот ФБ профил Проф. д–р Билјана Ванковска.

Ванковска во објавата додава:

И го прашувам која би била алтернативата. Вели, гасификација и други алтернативни извори на енергија. Ама тука е кваката 22: ние како протекторат на Западот си ги пресековме сите можности за премин на евтин гас! Зависни сме од втечнетиот гас кој ни го праќаат од САД, преку Грција го носиме во цистерни! Ние сме геополитички идиоти! Геополитиката не’ убива, а не ситни профитери како Кочо. Не може две добра: и членки на НАТО и лигавење пред ЕУ, и здрава животна средина. Тие можат и дмеат, ние не смееме. Затоа сме потрошни животи.

извор: ФБ Билјана Ванковска

На почеток