Валентина Божиновска и Срѓан Керим се меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи (МНР). Денеска министерот Бујар Османи имаше состанок со членовите на кој кажа дека има имиња со различни мислења и токму тоа е важно за овој Совет да чуе различни идеи и ставови, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.
Членови на советот се и Марјан Ѓуровски, Нами Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.
„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи.Се работи за квалитетни луѓе,добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став”, рече министерот Османи на прес-конференцијата по одржување на конститутивната средба.
Како што кажа Османи членовите ќе работат волонтерски односно нема да добиваат никаков паричен надоместок за нивниот ангажман.
Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.