Медиасет

(ВИДЕО) Забава во Скопје без заштитна маска дистанца

Синоќа во центарот на Скопје, во дворот на Музејот на Македонија се одржала забранета забава на која не се почитувале мерките за заштита од ковид-19, односно гостите не носеле заштитна маска и не одржувале дистанца.

Директорката на Музејот на современа уметност, Мира Гаќина за  „А1он“, вели дека настанот, кој е дел од соработката со Музејот на Македонија, бил најавен и организиран според протоколите, а диџејот не правел журка туку имал перформанс.

Од Министерството за внатрешни работи за порталот истакнале дека веќе постапуваат за овој случај и најавуваат казни за непочитувањето на мерките за заштита од Ковид – 19.

На почеток