Македонија

Груби се подготвува за прослава одбележувањето на 20-годишнината од Рамковниот договор – објавен оглас за организација на серија настани

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, предводено од првиот вицепремиер на Владата Артан Груби, објави оглас за организација на серија настани и продукција на разни материјали по повод одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, објави Фокус.мк.

Според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, тендерската постапка се однесува на набавка на билети за превоз, рекреативни, културни и спортски услуги, хотелски услуги, услуги за организирање на настани и печатени предмети и сродни производи.

Притоа, самата јавна набавка е поделена на 4 дела – организирање на настани и културни манифестации, креатива, авио билети и сместување и превоз, со тоа што секоја компанија ќе може да учествува на еден или повеќе дела, доколку ги исполнува специфичните услови за квалификација.

Текстот во целост на: Фокус.мк.

На почеток