Скопје

Сите предлози на граѓаните, кои требаше да го направат Скопје поубав град – одбиени

На вчерашната седница на советот на Град Скопје, 3-те најгласани предлози од платформата МојГрад беа одбиени од советот. Според гласовите од советниците (што рачно требаше да ги составуваме зошто истите нигде не ги ни објавуваат јавно), се гледа дека воглавном СДСМ и коалицијата гласа против а ВМРО ДПМНЕ и коалицијата гласаат воздржани, напиша на својот ФБ профил Горган Јовановски.

Јовановски во објавата додава:

Единственото образложение дадено од некои од членовите е дека градот веќе работел на темите. Ако градот работел, зошто граѓаните не гледаат резултати и ги поднесуваат и гласаат предлозите?
Вистинската цел зад овој начин на гласање е да се обесхрабрат граѓаните и да се поткопа идејата за директна демократија преку МојГрад. Но ефектот е спротивен! Со самото тоа што овие точки беа ставени на дневен ред, гласани, и одбиени со некое (за нас неприфатливо) образложение, МојГрад беше признат како вистинска платформа за гласот на граѓаните! Тоа е ОГРОМЕН УСПЕХ!
Што значи ова за МојГрад?
– Гласањето за предлози продолжува со нови 3 предлози за следната седница на советот на градот, ние нема да се откажеме од гласот на граѓаните!
– МојГрад нема да ги заборави овие предлози, тие ќе влезат во архивата на одбиени предлози кои нашата коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ги поддржува (види точка 3).
– Бидејќи како коалиција на еко и граѓански организации, не се сложуваме со советот и нивното одбивање на овие предлози, многу брзо следи и нашиот следен чекор на темава (wait for it 😎)

пс. Времето за директна демократија е дојдено, без разлика дали тоа одговара на одредени групи или не. МојГрад веќе се докажа како платформа за граѓанскиот глас, а резултатите од истата ќе останат на плаформата и видливи на наредните локални избори.
Преку имањето статистика кој како има гласано, може граѓаните да знаат дали нивните претставници навистина го слушаат нивниот глас, или исклучиво следат одредена партиска политика.

Извор: ФБ Горјан Јовановски

На почеток