Македонија

Ќе биде ли усвоен одново: Законот за легализација на дивоградби повторно во рацете на пратениците на 8 јуни

Законот нема да се враќа во Комисијата за транспорт и врски, а, како што рече Џафери, ако повторно биде усвоен со најмалку 61 глас, Пендаровски е обврзан да го потпише указот за негово стапување во сила. Првиот закон кој се однесува на легализација на бесправно изградените објекти, на кој претседателот Стево Пендаровски стави вето, се враќа на изјаснување кај пратениците на 8 јуни, кога почнува новата собраниска седница, објави 360stepeni.mk. 

Претседателот на парламентот Талат Џафери изјави дека негова деловничка обврска е да го врати законот на дневен ред во трето читање во рок од 30 дена од неговото донесување. Тој рок, како што рече, истекува на 11 јуни. Бидејќи е во трето читање, како што рече Џафери, законот ќе оди директно на пленарна седница, каде што евентуално ќе може да се поднесат амандмани на спорните одредби.

Пендаровски не го потпиша Законот за легализација на дивоградби: Неуставен е и овозможува скриена амнестија
Ќе го урнат ли СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ првото вето на Пендаровски откако тој го поткопа законот за неуривање на дивоградбите?!

Претседателот Пендаровски, исто како и Џафери, минатата недела изјави дека нема друг избор освен да го потпише Законот за легализација на дивоградбите доколку пратениците по вторпат го усвојат истиот закон и без никакви измени.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

На почеток